А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Директорот на Бирото за јавна безбедност се сретна со генералниот секретар на Интерпол

by А1он20/09/2014 - 14:58144
Share0

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков во седиштето на Интерпол во Лион се сретна со генералниот секретар на оваа меѓународна полициска асоцијација Роналд К. Нобл.

Добивај вести на вибер

На средбата, како што денеска соопшти МВР, Чавков истакнал дека еден од важните приоритети за македонската полиција е целосна посветеност кон продлабочувањето на меѓународната полициска соработка.

Двајцата соговорници разговарале за најновите и надградени глобални алатки и услуги достапни до институциите за спроведување на законот во борбата против криминалните закани со посебен фокус на управување со границите, трговија со нелегална стока и организираниот криминал.

Чавков оценил дека ниту една држава не може сама да ги решава транснационалните кривични дела коишто се закана за глобалниот мир и безбедност и оти обврска на полицијата е натамошното зајакнување на соработката со Интерпол.

Поздравувајќи ја посветеноста на Македонија во меѓународната полициска соработка, генералниот секретар на Интерпол ја акцентирал улогата што државата ја има во борбата против недозволената трговија.

Во тој контекст го посочил учеството на македонската полиција во операцијата „Бел Меркур“ во борбата против трговијата со нелегална стока и фалсификати во Источна Европа, во заедничката ИНТЕРПОЛ-Европол Операција “Опсон“ – таргетирање на организирани криминални мрежи кои стојат зад нелегалната трговија со фалсификувани и нерегулирани храна и пијалоци, учеството во „Пинк Пантер“ за централизирање на информациите за криминални мрежи инволвирани во крупни грабежи на продавници за накит, како и во иницијативата на Интерпол за спречување и откривање на фалсификувани документи.

Според Нобл, македонската полиција продолжува да ги надградува своите технички капацитети во делот на граничната безбедност овозможувајќи им на своите служби директен пристап до глобалните бази на податоци на Интерпол.

Генералниот секретар на Интерпол нагласил дека е очигледна експанзијата и диверзификацијата на транснационалниот организиран криминал и оти од клучно значење за државите е правовремената и континуирана размена на информации во реално време преку интерпол канали.

При посетата на седиштето на Интерпол, директорот Чавков бил информиран и за новата иницијатива на Интерпол – Глобален комплекс за иновации (ИГЦИ) наменет за поддршка на земјите-членки во борбата против компјутерскиот криминал.

interpol

Би можело да ве интересира

Додик: Интерпол рече дека тоа е политички прогон, но тоа не е доволно за политичко Сараево

Горан Наумовски30/04/2025 - 17:38

Интерпол повторно одби да издаде потерница по Додик

Горан Наумовски30/04/2025 - 16:57

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски12/10/2024 - 13:0412/10/2024 - 13:27

Албански државјанин уапсен во Македонија, го барал Интерпол Париз

Анита Петровска Рајковиќ17/05/2024 - 12:33

МВР уапси бегалец баран од Интерпол

Горан Наумовски25/02/2024 - 11:50

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

Анита Петровска Рајковиќ07/12/2023 - 14:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен