Директорката на „Стратум“: Во анкетата нема грешка

Од:

Нема грешка во податоците на анкетата кои покажуваат дека вкупниот резултат е 101 отсто, бидејќи поединечните проценти кои во себе содржат децимали се претставени како заокружени броеви без децимали, тврди директорката на агенцијата за истражување „Стратум Р&Д“, Весна Кузмановиќ. Таа вели дека самиот софтвер каде што се внесуваат податоците во децимали, како на пример за ДУИ, кои имале 6,6666… отсто од гласовите, се прикажува како седум отсто. Според Кузмановиќ, тоа е математичко правило и нема грешка во анкетата.

„Бројките се заокружуваат. Ние ги читаме целите проценти, а во позадина има децимали. Распоредот на партиите е тој. На пример, ВМРО-ДПМНЕ има 23,33.. а се прикажува како 23 отсто. За СДСМ има 24,7222…отсто од анкетираните, а прикажано е како 25 отсто. Нема грешка, податоците се претставени како цели децимали. Не е оправдано да се даваат проценти со две децимали, на пример 23,33, кој е тој 0,33 човек? Софтверот ги сумира на заокружен број. Во анкетата нема грешка. Точно е 101 процент“, вели Кузмановиќ за „А1он“.

Директорката на „Стратум Р&Д“ тврди дека податоците се нефаворизирачки, што според неа се потврдува и од самиот коментар каде се вели дека ова се најнеизвесните избори што сме ги имале досега.

„Сè е според принципите на светското Здружение на истражувачки агенции ‘ЕСОМАР’. Ние го имаме потпишано нивниот кодекс и не сме направиле ништо што е спротивно на него. Жално е што сè во државава што работи професионално, врз база на принципи и добива признанија од странство, тука се омаловажува. Оваа голгота неоправдано ја минувам две години. Мислам дека тие кои обвинуваат немаат кредибилитет, бидејќи немаат направено ништо корисно, односно никој не ги препознал. Зарем мислите дека би си го довела реномето во прашање за нечии ситни политички поени? Јас сум самохрана мајка која живее од фирмава. Поради коронавирусот се одложуваат некои работни процеси во странство, а јас морам да ја одржам компанијата во живот, затоа простор за работа видовме на домашен терен каде што може да се прават истражувања. Анкетата нема нарачател“, додава Кузмановиќ.

Дел од медумите често обвинуваат дека агенцијата „Стратум Р&Д“ прави анкети кои одат во корист на СДСМ поради средства што ги добиле на конкурс од Фондот за иновации.

„Во Фондот за иновации аплицирав пред две години, како и секој претприемач кој гледа дека има можност да добие помош од државата. Прво бев наградена од странски инвеститори, кои работат во странски банки. Проектот беше завршен, а за кратко време направивме прототип на платформата и ја презентиравме пред странски инвеститори. Тоа не е признание за мене, туку за државата. Тоа е доказ дека Фондот избрал вистински. Поради Ковид-19, се одложува процесот. Во Македонија ќе влезат пари од странство, а проектот ќе стане глобално решение“, тврди Кузмановиќ.

Обвинувањата на сметка на агенцијата доаѓаат откако во дел од анкетата при собирање на сите проценти се добиваше 101 отсто анкетирани. Ова беше повод за дел од порталите да објават дека анкетата е наместена во корист на СДСМ бидејќи фирмата добила средства од Фондот за иновации.

Инаку, резултатите од анкетата на компанијата за истражување и развој „Стратум Р&Д“ покажуваат дека коалицијата СДСМ и Беса од граѓаните се перципира како победничка и има стабилна предност (31 отсто) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27 отсто) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули. Испитувањето на јавното мислење е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 900 испитаници, односно 150 испитаници од изборна единица, во периодот на првата недела од јули, односно од 1 до 6 јули 2020 година.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он