Анкета на „Стратум“: 70 отсто од граѓаните не се согласуваат за избор на премиер на национална основа, СДСМ ќе формира влада

Од:

Резултатите од анкетата на компанијата за истражување и развој „Стратум РиД“ покажуваат дека коалицијата СДСМ и Беса од граѓаните се перципира како победничка и има стабилна предност (31 отсто) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27 отсто) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули. Испитувањето на јавното мислење е спроведено телефонски на репрезентативен примерок од 900 испитаници, односно 150 испитаници од изборна единица, во периодот на првата недела од јули, односно од 1 до 6 јули 2020 година.

На прашањето „Оценувајќи ја вкупната работа на политичките партии, која, според вас, заслужува да прави влада?“, 26 отсто од граѓаните одговориле дека тоа е СДСМ, 25 отсто рекле НЗ/НО, а 23 проценти се изјасниле дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ. 11 отсто од анкетираните граѓани рекле „друга“, 7 отсто се за коалицијата меѓу СДСМ и Беса, Алијансата за Албанците, 4 отсто се за тоа да биде ДУИ, а 2 отсто за Алијансата за Албанците.

Испитаниците биле прашани и „За која партија ќе гласате на претстојните парламентарни избори на 15 јули?“, на што 25 отсто од граѓаните се изјасниле за коалицијата на СДСМ и Движењето Беса, потоа 23 отсто за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, 16 отсто одговориле со – нема да гласам, 11 отсто „- не знам, сè уште немам одлучено, а 10 проценти одбиле да одговорат. Од преостанатите одговори, 7 отсто рекле дека ќе гласаат за ДУИ, 5 проценти за коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернативата, 2 отсто за Левицата, по 1 отсто за ДПА и друга партија, а 0 отсто за Македонски концепт.

Повеќето, односно 62 отсто од анкетираните граѓани, на прашањето „Дали сметате дека Македонија е подготвена за кандидат за премиер избран на национална основа?“, одговориле со – не се согласувам воопшто, 15 отсто биле неутрални, 9 отсто со – не се согласувам, 7 отсто со – се согласувам и 7 проценти со – се согласувам целосно.

На прашањето „Дали ги следите политичките кампањите за изборите на 15 јули?“, 55 отсто од граѓаните одговориле потврдно, а 45 отсто рекле дека не ги следат.

Прашани „Во однос на долунаведените прашања, кои, според вас, се двата најважни проблема со кои се соочува нашата земја во моментот?“, според одговорите, на прво место се економијата и вработеноста со 22 отсто од вкупните одговори, а на второ место е ситуацијата со коронавирусот. Повисок процент во однос на ова прашање имаат и одговорите криминал и корупција и владеење на правото, судството, правдата.

Од „Стратум РиД“ констатираат дека овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на избирачите и таа ќе се рефлектира во  расположенијата на граѓаните кон сите теми.

„СДСМ, генерално, е попозитивно оценет од ВМРО во однос на повеќето аспекти. Апсекти во кои ВМРО-ДПМНЕ е иста оценета како и СДСМ се: здравството, инфраструктурата, економијата. Гласачките определби одат во корист на СДСМ, но сепак со напомена дека разликата не е статистички значајна. Значајна разлика се јавува во перцепцијата на победничка партија, каде што СДСМ од 5 отсто ипитаници повеќе е перцепирана како партија што ќе формира влада по изборите. Во однос на постизборни коалиции, повеќето од испитаниците се согласуваат со ставот дека СДСМ не треба да прави коалиција со ДУИ. Во однос на платформата на ДУИ за премиер избран на национална основа, значајно висок процент на испитаници, над 70, сметаат дека Македонија не треба да вопостави критериум за избор на премиер врз национална основа“, пишува во заклучокот од анкетата испратен од компанијата „Стратум РиД“, која го спроведе анкетирањето.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Орце Костов

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) И „вмровците“ и „сдсмовците“ ја сметаат Бугарија за најголема закана, а Србија е најголем пријател за граѓаните

Орце Костов

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Анкета: Поддршката за инвазијата на Путин кај Русите првпат паѓа под 50 отсто

А1он