Директорите осудени условно, докторот Бобан е ослободен: Пресуда за пожарот во модуларната во Тетово

Од:

Објавена пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово во која на 8 септември 2021 година живи изгореа 14 луѓе, а десетици беа повредени.

Обвинети во овој случај беа поранешниот директор на болницата во Тетово, Флорин Бесими, поранешниот економски директор на болницата во Тетово, Артан Етеми, одговорниот за ковид центарот, Бобан Вучевски и тетовската болница како правно лице.

Флорин Бесими и Артан Етеми (поранешни директори на болницата) обвинети за дела против општата сигурност се прогласени за виновни. Според судијата Јордан Велковски, тие предизвикале опасност за животот на пациентите и нивните роднини кои биле во болницата во критичниот момент.

Осудени се на казна затвор од 1 година и 6 месеци, но казната е условна, нема да одат затвор ако во период од три години не сторат ново кривично дело. Осудени се и да платат парична казна од 4 000 денари.

Бобан Вучевски е обвинет по членот 206 за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ , тој е ослободен од обвинението.

На докторот Бобан му се судеше дека дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. За овој лекар за време на судењето се организираа и протести на кои се бараше негово ослободување.ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, пак, е осудена за загрозување на општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија – треба да плати милион денари.

„Обвинетите, не поставиле пропишани уреди за заштита од пожар и со тоа предизвикале опасност за животот и телото за луѓето и пациентите болни со Ковид-19. Тие не постапиле според мерките и активностите од договорот за заем со Светска банка. Иако биле должни да имаат противпожарна опрема, на денот на пуштање во употреба на модуларната болница па се до настанување на пожарот немале соодветни уреди за заштита од пожар“, рече судијата во дел од образложението на пресудата.

Оштетените, членови на семејствата на починатите во пожарот, се упатени за оштета да покренат граѓански спор.

За овој случај помагаа и експерти од Германија, а досега беше утврдено дека причина за пожарот е краток спој на продолжен кабел.

Според одбраната на сите обвинети тие не се виновни бидејќи со ништо не придонеле да се случи трагедијата, па побараа нивно ослободување.

Во текот на судењето сведочеа родителите на 21- годишната пациентка позади чиј кревет избувнал пожарот. Таткото се обидел да го изгасне со влажно ќебе, но истиот се ширел многу брзо, по што едвај успеале да излезат од објектот. Рекоа дека немале дозвола да се во боницата, но поради дијагнозата на нивната ќерка, церебрална парализа, секогаш морало да има некој покрај неа. Таткото рече дека предходните денови во ходникот забележал ПП апарат, но кобната за вечер не беше сигурен.

Другите двајца сведоци рекоа дека биле со своите родители за време на пожарот во објектот, едниот бил постојано покрај татко му, а другата за да донесе храна на мајка ѝ. Не забележале апарати за гаснење пожар.

Сите одговорија дека на влезната врата немало портир и вратата била отклучена поради што слободно влегувале, некои рекоа дека биле опоменувани од персоналот.

Сведочеа и две медицински сестри кои вечерта биле на смена, како и тројцата вешти лица, кои го потврдија напишаното во извештаите од МВР и вештачењата

Судењето за пожарот во тетовската модуларна болница почна лани, на 7 декември.

Би можело да ве интересира

Почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово одложено за септември

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Да удриш некого, ќе добиеш поголема казна од ова, а тука син ми е убиен“: Таткото на Самоил ќе ја обжали пресудата

Орце Костов

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителството бара да продолжи мерката притвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски

Орце Костов

(ВИДЕО) Вкупно осум години затвор за грабнувачите на Самоил Костадиновски: Го грабнале за да му наплатат за украдена дрога

Орце Костов

Пресудата не може да опстои, лажна исправа не е изработена, вели адвокатот на сопственикот на „Беса Транс“