Директорите од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат Арсовска: И Мицевски од Дрисла поднесе оставка

Од:

Сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла вели во објавата за повлекувањето од директорската позиција во Дрисла Јане Мицевски.

– Навистина благодарам до моите соработници во претпријатието со кои заеднички дојдовме до резултати за кус период. Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи. Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците. Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година. Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба. Системот обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината вели Мицевски во објавата за оставката.

Додава дека личните привилегии никогаш не миу претставувале приоритет како што се личен возач, репрезентација, патувања, службен телефон и слични непродуктивни трошоци чија ставка е нула.

-Одговорноста спрема граѓаните е поважна од сечиј друг личен интерес и амбиција. Од Дрисла излегувам со крената глава, бидејќи резултатите се очигледни завршува Мицевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

Град Скопје со кривична пријава против Јулијана Спироска, претседателка на Управниот одбор на Комунална Хигиена

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски