Директорите и раководителите од Македонски пошти празнично си се наградија со по 50 илјади денари?

Од:

Револт во Македонски пошти од вработените кога дознале дека празнично директорите на подружниците низ Македонија си се наградиле со по 50.000 денари.

За раководителите на подружниците поскромно, нивната награда е околу 20.000 денари.

Вработените од кои и ја добивме информацијата, навредени и гневни за A1он велат
„Пратките, бидејќи директорите не ги разнесуваат биле доставувани преку голуби, а директорите како навигатори се наградени“.

Меѓу наградените, велат, нема ниту поштари, ниту шалтерски работници ниту други извршители.

Од секторот за односи со јавност не знаеа да одговорат дали директорите и раководителите си се наградиле пред празниците.

– Не сум сигурна дали се наградиле, но мислам дека информацијата не ви е точна, рече за А1он вработена во секторот за односи со јавноста која не упати да се јавиме во секторот за маркетинг, каде не одговорија на нашите повици.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Велигденов: Македонска пошта нема за плати оти државата троши пари на приватни пошти

Орце Костов

Стефанов доаѓа на местото на Макрадули во Македонски пошти

А1он

Повисоки плати за вработените во Пошта од јуни и август, понудено е решение за прекин на штрајкот

Ана Ололовска

Протест на вработените во „Македонска пошта” во подружницата Охрид

И БиХ со протестна нота поради згрешената македонската марка со „голема Хрватска“

А1он

Македонска пошта се извини за објавената марка со погрешната карта на Хрватска

А1он