Промовирани руско-македонски поштенски марки

Од:

Со заеднички поштенски марки на Македонска пошта и Поштата на Русија со мотиви од црковна архитектура во Охрид и Санкт Петербург ќе се промовира и развива туризмот.

Рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак на денешната промоција потенцираше дека на македонската марка, е претставена црквата Св.Јован Богослов -Канео која се наоѓа на живописното место на брегот на бисерот на Македонија – Охридското Езеро, позната во државава и странство. На руската марка, пак, посочи Шчербак, е црквата „Света Троица“ која е меѓу најпочитуваните духовни светлишта на Русија. Во неа се наоѓаат ремек делото од рускиот иконопис – лик на Света Троица од 15 век, како и делови на моштите на Василив Велики, Јован Златоуст и Григориј Богослов.

Номиналната вредност на поштенската марка, отпечатена во тираж од 10.000 примероци, е 144 денари. Нејзин автор е Лоран Фало од Бирото за филателија на Македонија. Заменик-директорот на Македонака пошта Гоце Боболински очекува новата марка како мало уметничко дело да се најде на поштенските пратки и во колекциите на голем број филателисти, но и да помогне за промоција и развој на туризмот.

– Поштенската марка е многу повеќе од плаќање поштарина за поштенските пратки. Таа претставува предизвик како за издавачите така и за самите колекционери, пред се поради содржината или пораката којашто тие ја праќаат, истакна Боболински.

Издавањето на поштенската марка е и дел од активностите за одбележување 23 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија. – По тој повод треба да се истакне дека односите меѓу нашите два народа не се исцрпуваат само со овој многу краток временски период, туку имаат длабоки и цврсти темели, заеднички повеќевековни духовни, јазични и културни корени, рече амбасадорот Шчербак.

Во Русија, нагласи, постои голема симпатија кон пријателскиот, братски народ во Македонија, ние високо го цениме постигнатото ниво на развој на нашите односи. – Во сите времиња тие се градат врз основа на рамноправноста, заемно почитување и немешање во внтарешните работи што претставува главна особеност на нашите односи. Убедени сме дека истите имаат голем потенција. Руската Федерација е подготвена за натамошно унапредување на соработката со Република Македонија во сите сфери, на толку длабока и широка соработка, колку за тоа се подготвени нашите македонски партнери и пријатели, рече амбасадорот Шчербак.

Потсети на помошта од Русија за поплавените подрачја во Македонија во август минатата година која ја дистрибуираше во соработка со македонската Дирекција за заштита и стопасување. Како знак на благодарност амбасадорот Шчербак на промоцијата додели почесни медали на руското МНР „За сојуз во име на спасување“ на директорот на Дирекцијата Шабан Салиу и на началникот на одделението за техничко обезбедување на Дирекцијата Димитар Митевски.

Би можело да ве интересира

Штрајкот на Пошта во мирување, се чека Владата за помирувачот да закаже состанок со новиот министер

Анита Петровска Рајковиќ

Поскапени поштенските и курирските услуги

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Еден шеф на еден работник во Пошта: Поштари нема, но администрацијата е преполна

Орце Костов

Двочасовен протест утре во националната Пошта

Горан Наумовски

„Купувајте загубени пратки за само 123 денари!“: На интернет си поигруваат со АД Пошта

Орце Костов