Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

Од:

Одделот за криминалистичка полиција, по наредба од Основното јавно обвинителство Битола презема предистражни дејствија и во координација со СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.К. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство“ по член 275-в од Кривичниот законик и против В.А. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

Имено, првопријавениот Б.К., во својство на управител на правно лице од Битола, на 19.12.2019 со неизвршување на обврските од склучен договор за јавна набавка на стоки за проектирање, набавка и монтажа на фотоволтаични панели за производство на електрична енергија со ЈП „Пазари“ Битола нанел штета на претпријатието.

Тој дал гаранција за поставените фотоволтаични панели во рок од 25 години, иако знаел и бил свесен дека во предвидениот рок од една година од основањето на друштвото не го внел основачкиот влог на своето друштво согласно чл.186 ст.5 од Законот за трговски друштва поради што истото согласно чл.552-а и чл.552-б од истиот закон било избришано од Централниот регистар.Исто така, Б.К. знаел дека не можел да гарантира за изведените работи, со што постапил спротивно на дадената изјава за сериозност на понудата.

Второпријавениот В.А., во својство на директор на ЈП „Пазари“ Битола со пропуштање на должен надзор во вршењето на своите овластувања и должности, не извршил надзор кој бил должен да го изврши над носителот на набавката дали е активен субјект или не, со што не постапил согласно одредбите од склучениот договор за јавна набавка и не го раскинал. Исто така, В.А. постапил спротивно на чл.101 ст.7 од Законот за јавни набавки и не објавил негативна референца на електронскиот систем на јавни набавки на Бирото за јавни набавки.

На тој начин В.А. му овозможил на првопријавениот да се стекне со противправна имотна корист како право да не биде исклучен од идните постапки за јавни набавки во период од шест месеци од денот на евентуалното објавување на негативната референца, а воедно и по доставена фактура одобрил и извршил плаќање кон првопријавениот односно кон неговото правно лице во вкупен износ од 1 298 000 денари со што го оштетил буџетот на ЈП „Пазари“ Битола.

Би можело да ве интересира

Европските пари под прашалник, неизвесности за битолската канализација?!

Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Горан Наумовски

Битолчани доцнат со еколошкиот план – отпадните води ги поплавија роковите

68-годишен беровчанец во хотел во Битола извршил полов напад врз 12-годишно девојче

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски