Дипломатите со отворени критики за Владата

Од:

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и Европската Унија им изразија сочуство на македонските граѓани за трагичната смрт на полицајците кои беа убиени во Куманово и жалење за страдањата на жителите на Куманово.

По средбата со премиерот Никола Груевски во заедничка изјава рекоа дека ја нудат нивната помош на секој начин можен начин.

– Долго време ги поддржуваме напорите на Македонија за влезе во ЕУ и НАТО и како пријатели и партнери ја изразивме нашата загриженост за политичката криза која се уште трае. Му ги посочивме нашите грижи на премиерот Груевски дека неговата влада не направила напредок во изјаснувањето околу злоупотребите на Владата од објавувањето на аферата. Ова сериозно отвара сомнеж дали Владата на Македонија е посветена на демократските принципи и вредности на евроатланската заедница. Континуираниот неуспех ќе му наштети на напредокот за членството во ЕУ и НАТО. Ја искажуваме нашата загриженост дека во случајот со прислушувањето не се преземени политички и правни мерки за оние што се одговорни. Со цел да се справи со институционалната слабост, ја повикуваме Владата да преземе одредени реформи, како што се проверувањето на избирачкиот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на изразување и заштитата на „шепкачите“.

– Ги поддржуваме фундаменталните демократски права на граѓаните да се собираат на мирни протести и ги повикуваме сите да се воздржат од насилство. Со мирното изразување на демократските права и откажувњето од насилството – сеедно дали од страна на полицијата или од страна на демонстрантите – ќе им се оддаде почит на храброста и жртвата на оние кои ги дадоа нивните животи во служба на граѓаните на Република Македонија. Во текот на наредните денови планираме да се сретнеме и со господата Заев и Ахмети за да споделиме слични пораки – рече амбасадорот на САД, Џес Бејли по средбата со премиерот Никола Груевски.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

САД: „Подготвени сме за напад“

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем