Динко со нова закана за Миленко: „За една недела те апсам“

Од:

„Им давам на македонските власти точно една недела да го уапсат нивниот државјанин Миленко Неделковски за вандалскиот чин кој го изврши! Премногу внимание веќе му обративме и тој се сили уште повеќе. Секој ден пушта нови провокативни видео клипови за Бугарија“.

Ова е ултиматумот што го упати ловецот на мигранти Динко Валев на македонските органи на редот, пишува бугарски Блиц.

Конфликтот меѓу новинарот Миленко и бугарскиот ловец на мигранти Динко избувна откако Миленко со чекан ја скрши спомен плочата на загинатите бугарски воини на врв Кајмакчалан.

За овој чин македонските власти не презедоа никакви мерки. Аргументираат дека споменикот е нелегално поставен. Неактивноста и површната реакција на бугарската влада ги разбуди емоциите кај бугарските патриоти, пишува бугарски Блиц.

Затоа и Динко од Јамбол одлучил да ги земе работите во свои раце. Познат во целиот свет како ловец на мигранти најави дека заминува за Македонија да бара сметка од новинарот со чеканот. Откако неговата позиција беше преточена во странските медиуми, Динко не отстапи ниту чекор назад од одлуката.

„Ако не биде уапсен за хулиганскиот настан, јас ќе го направам тоа за да се смеат сите. Во лице ќе му кажам дека е жена. Ќе го снимам сето тоа и ќе го ширам. Ако не е жена, нека ми докаже. Ако посегне да ме тепа, тоа ќе е неговата најголема грешка во животот“, категоричен е Динко.

Валев веќе порачал нова плоча која ќе ја плати од свој џеб.

„Прецизирав уште што да биде напишано, за да биде иста, дури и поубава од претходната. Лично ќе ја ставам, и тоа наскоро, бидејќи веќе се работи на неа“, вели Динко за бугарски Блиц.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Миленко Неделковски го изгуби судскиот спор против Секуловска, Србиновски и Пировска

(ВИДЕО) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Ана Ололовска

Миленко Неделковски на 17 јануари на суд за ширење ксенофобија

Наум Локоски

Кривична пријава против Миленко Неделковски за коментари со кои ја загрозил сигурноста на Заев

Наум Локоски

Неделковски: На врата ми е дојдена полиција да ме уапси

Наум Локоски

Обвинение против Миленко Неделковски за статусот на „Фејсбук“ за жртвите од пожарот во Грција

Ана Ололовска