Димовски со „забеган, фанатичен и романтичен“ предлог: Да се определи рок до кога ќе важи промената на името

Од:

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски испорача два предлога до владата во за уставните измени. Тие да се ограничат со рок до кога да важат, во случај да дојде до распаѓање на ЕУ и второ, во преамбулата барем на две места да не се додаде придавката Северна.

Димовски својот предлог го нарече „забеган, фанатичен и романтичен“, но потенцира дека е важно да се напомене дека промената на уставното име се прави поради членството во ЕУ и НАТО и дека според него ниту владата не е среќна што предлага вакви амандмани, па оттука смета дека е добро да се прецизира до кога би важеле уставните измени.

На ова Заев одговори дека Целиот процес се прави за подобра и постабилна иднина на државата и на сите граѓани, не само поради членството.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија