Димовски: Немаше гласање по Бадентер за Законот за Совет на јавни обвинители, тој не е донесен

Од:

„Законите за јавно обвинителство и за советот за јавни обвинители не се донесени, бидејќи не беа гласани според Бадентер“, изјави Илија Илија Димовски од ВМРО – ДПМНЕ, додавајќи:

„За законот треба Бадентерово мнозинство. И самиот Џафери кога најавуваше дека ќе се гласа со апсолутно мнозинство, рече дека треба дополнително Бадентер. Ние го забележавме овој пропуст, но чекавме да се распушти Собранието и да ја известиме јавноста. Го повикуваме Пендаровски да не го потпишува овој закон, зошто ако одлучи поинаку, ќе биде противуставно“.


Тој вели дека претседателот на Собранието Талат Џафери направил хаос, но „добро е што ова е крај, бидејќи конечно заврши неговото катастрофално претседавање со Собранието“.

Димовски повика да се вратат собраниските снимки за да се види дека при гласањето немало бадентерово мнозинство, што автоматски значи дека законот не e донесен.

„Овој неуспешен ден е завршен за хунтата на власта”, вели Димовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела