(ВИДЕО) Димовски до Џафери: Не сакаме турканици, внимавајте кои механизми ги користите

Од:

По инцидентот кој настана кога пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев побара да искористи процедурална забелешка, па потоа реплика, во негова одбрана застана пратеникот Илија Димовски.

„Сакаме да имаме коректна дебата. Не сакаме турканици, а вие треба да внимавате кои механизми ги користите во вакви ситуации. Нема ништо спорно и деловнички е Ѓорчев и било кој пратеник да се јави на збор кога сака. Тоа право не може никој да му го одземе“, објасни Димовски.

На ова реплицираше собранискиот претседател Талат Џафери, кој рече дека нема потреба да се објаснува со никого, но ќе каже збор-два за јавноста и публиката.

„Секој треба да слуша додека седи на место. Јас го повикав Ѓорчев за реплика на вашата процедурална забелешка, а тој, излезе на говорницата и сакаше да искористи прво процедурална, па потоа реплика. Тоа не може така“, рече Џафери.

Собранискиот спикер појасни дека сите од мнозинството се согласни дека има потреба од расправа за депонијата во Струга.​

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ