Димовски на состанок со министрите за земјоделство од регионот

Од:

Зголемување на контролите на сточната храна и млекото во регионот, подигање на нивото на хигиенските услови во складиштата каде се чува сточната храна, подобра комуникација помеѓу стручните инспекциски служби.

Тоа се главните заклучоци од средбата на министрите за земјоделство од регионот, што се одржа денеска во Белград, посветена на безбедноста на храната и проблемот со зголемената количина на афлактосин.

На состанокот присуствуваа министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски, Србија, Горан Кнежевиќ, Хрватска, Тихомир Јаковина, на Република Српска, Мирослав Миловановиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ.

– Ова беше многу конструктивен состанок, на кој разгледувавме повеќе теми од областа на безбедноста на храната. Разговаравме и за проблемот со зголемената количина на афлатоксин кој не е само регионален туку и поширок проблем. Меѓутоа, македонското законодавство е прилагодено на законодавството на Европската Унија и дозволеното ниво на афлатоксини во млекото кај нас, како и во ЕУ е 0,05. Нашите служби вршат редовни контроли на сточната храна и во самите млекари и досега немаме откриено зголемено количество на афлатоксини во домашното млеко, изјави министерот Димовски по состанокот.

Според најавите, наредниот состанок на министрите за земјоделство од регионот ќе се одржи за еден месец во Сараево со присуство и на директорите на институциите одговорни за безбедноста на храната.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар