Димовски на состанок на националните координатори на Процесот за соработка меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа

Од:

Македонска делегација предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски денеска учествуваше на 12. Состанок на националните координатори на Процесот 16+1.

Како што соопшти МНР, состанокот беше фокусиран на резултатите од спроведувањето на активностите договорени на 7. Самит на шефовите на Владите на Процесот 16+1 што се одржа во јули годинава во Софија, како и наредните чекори во делот на трговската и инвестициската промоција, развојот на инфраструктурата, научно технолошката соработка, како и културната и образовната соработка.

Државниот секретар Димовски, како национален координатор на Република Македонија на Процесот 16+1, во своето обраќање ја потенцираше досегашната успешна соработка меѓу Македонија и Кина, во сите сфери од обостран интерес, а особено на економски план.

Осврнувајќи се на активностите на Македонија во Процесот 16+1, тој информира за отворањето на координативниот Центар за културна соработка на земјите од Процесот 16+1 во Скопје во март 2018 година. Во овој контекст истакна дека, заложбите за реафирмирање на централната улога на културата во подобрување на меѓусебното разбирање и културниот дијалог како значаен фактор за натамошна поинтензивна соработка.

Димовски информираше за успешно реализираниот 5. Симпозиум на Тинк тенк, што се одржа во октомври 2018 година во Република Македонија во организација на МАНУ и МНР на РМ, како и за подготовките за претстојниот состанок на министрите за култура на процесот 16+1 што ќе се одржи во првата половина на 2019 година во Република Македонија.

За време на престојот во Пекинг, Димовски оствари билатерални средби со кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ванг Чао, министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шарович и албанскиот заменик министер за надворешни работи Етјен Џафај.

Би можело да ве интересира

Кина складира нуклеарни боеви глави и тоа го прави побрзо од остатокот од светот

Кина испрати мистериозни авиони кон Иран кои исчезнаа од радарот

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Би-Би-Си: САД и Кина тврдат дека во принцип се согласиле за рамка за деескалација на трговските тензии

„Дејли меил“: САД се подготвуваат да интервенираат ако Кина го нападне Тајван