Димовски: Ќе поведам иницијатива пред Уставен за поништување на Законот за јазиците

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски најавува иницијатива пред Уставниот суд доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот за Законот за употреба за јазиците и ако пратениците го изгласаат овој закон кога повторно би се вратил на седница.

Тој на својот Фејсбук профил го повика Иванов да не го потпишува исказот и пратениците да не го гласаат овој закон кога повторно ќе се врати на седница во Собрание.

„Доколку и покрај укажувањата на целокупната јавност пратениците на СДСМ повторно одлучат да гласаат за овој закон, најавувам дека ќе поведам иницијатива пред Уставниот суд за поништување на овој закон“, напиша Димовски.

Законот за употреба на јазиците пред два дена беше изгласан во Собранието.

„Многу пати низ дискусиите во Собрание кажав, но е еве и да повторам: Законот за употреба на јазиците (Закон за двојазичност) е штетен, дезинтегрирачки дискриминирачки и целосно неуставен документ. Овој закон е донесен како плод на партиски пазарења помеѓу партиите, а не како плод на суштинска, длабока и сеопфатна анализа на реалните потреби на нашите сограѓани од помалубројните етнички заедници (Албанците, но и сите други помали заедници). Процедурата за донесување на овој закон во Собранието беше целосно неделовничка и спротивна на основните демократски стандарди. Овој закон е донесен на сила. Овој закон ја загрозува позицијата на македонскиот јазик во Република Македонија, но и ја загрозува унитарноста и иднината на нашата држава“, напиша Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски