Димовски ќе даде исказ за крвавиот четврток во Обвинителството

Од:

Пратеникот од Социјалистичката партија, Љупчо Димовски, денеска е поканет на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција да даде исказ за настаните од крвавиот четврток.

Димовски е третиот пратеник кој како осомничен треба да објасни дали и какви дејствија преземал на 27 април 2017 година во Собранието. Нему судот му го продолжи куќниот притвор.

Во текот на неделата исказ во Обвинителството дадоа и пратеникот Јохан Тарчуловски и неговата колешка, Жаклина Пешевска.

Сите пратеници се осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години.

В. М.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април