(ВИДЕО) Димовски: Имаме 10 пратенички групи поради лошиот однос на власта кон нас

Од:

Пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во изјава за медиумите истакна дека одлуката да формираат десет пратенички групи е последица од однесувањето на власта во минатите 40 дена кон опозицијата.

– Две недели бараме да го добиеме нацрт договорот за добрососедство со Бугарија, игнорирани сме иако премиерот и министертот за надворешни работи ветуваа инклузивност, подадена рака кон опозицијата и барање помош од опозицијата. Владата изготви план 3-6-9 кој според нив ќе го забрза пристапувањето кон ЕУ и НАТО. Го изготвија без консултации со опозицијата. Добивме информација дека Владата е пред ребаланс на буџетот. Никогаш не се случило министерот да не најави дека изготвува ребаланс на буџетот. По закон ни следува член на управувачкиот комитет за кризи, но преку комисијата за одбрана ни следува таква позиција. Понесовме повеќе закони и иницијативи, тие се однесуваат негативно, ништо не е прифатено. Најавите и говорите се обланда, тоа што досега го видовме е само убави зборови кои немаат ништо во суштина. Не знаеме што се разговара со Грција, рече Димовски.

Според него, со формирањето на десет пратенички групи имаат можност да дискутираат подолго, а овој потег го гледа како добронамерна порака кон владејачкото мнозинство. Вели, формирањето на пратенички групи не значи признавање на Талат Џафери како претседател.

– Не го признаваме Џафери за легитимен претседател, нашето обраќање досега е идентично, до претседател на СРМ, до институцијата, ниту пишуваме Талат Џафери, ниту го членуваме „претседателот“. Собранието не е на никој пратеник, ова е на граѓаните, изјави координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски