(ВИДЕО) Димовски до Заев: Жалбите од граѓаните се зголемите за 90% против првосудството

Од:

Жалбите на граѓаните од правосудството се зголемени дури за 90 отсто во споредба со претходните години, покажува извештајот на Народниот правобранител, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

Тој рече дека правобранителот Мемети во својот извештај констатирал дека и градоначалниците избрани на како и директорите на училиштата вршат дискриминација по партиска основа.

„Народниот правобранител кажа дека Управниот суд работи исклучиво во корист на извршната власт во Република Македонија, а не во корист на граѓаните на Република Македонија. Народниот правобраните од оваа говорница, не Илија Димовски кажа дека во последните две години, дискриминацијата по однос на партиска припадност и по однос на национална припадност е драстично зголемена. Народниот правобранител спомна пример како градоначалниците избрани на последните локални избори како и директорите на училиштата вршат дискриминација по партиска основа“, вели Димовски.

Премиерот Заев на прозивките од пратеникот Димовски, рече дека, извршната власт работела на подобрување на легислативата и донесените сет закони ќе го зајакнат правосудниот систем и ќе дадат подобри резултати.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски