Димитров – Зениер: Северна Македонија покажа дека има капацитет да извезува стабилност но и добри вести во регионални и европски рамки

Од:

Северна Македонија покажа дека има капацитет да извезува стабилност но и добри вести во регионални и европски рамки– преку силната политичка посветеност, лидерство и храброст – за надминување на отворените прашања со соседите, но и за смело носење со домашната реформска агенда, порача министерот за надворешни работи Никола Димитров на средбата со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ Ламберто Заниер, во рамките на меѓународна конференција на тема: „Едно општество за сите и интеркултурализам“.

На средбата, како што соопштија од МНР, биле разменети мислења за активностите околу подготовката и идната примена на Стратегијата за едно општество и интеркултурализам, која е резултат на концептот зад кој застана Владата, поддржан од сите домашни засегнати страни – државните институции но и граѓанскиот сектор, академската заедница, и меѓународните партнери – ОБСЕ, Европската Унија и Советот на Европа.

Димитров го поздравил ангажманот на Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ и истовремено се заблагодарил на неговата поддршка на Стратегијата за интегрирано образование, како една од најсуштествените елементи и предизици на патот на овозможување на едно општество за сите.

Заниер, според МНР, ја реафирмирал поддршката за процесот како и спремноста и понатаму да ја помогне имплементацијата на Стратегијата, особено во контекст на неговиот посебен интерес за интегрираното образование, а во насока на создавање интегрирано и функционално општество што треба да претставува долгорочна цел на сите политички актери во земјата.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна