Димитров заминува во официјална посета на Бугарија

Од:

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, утре  на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, ќе престојува во официјална посета на Република Бугарија.

Како што соопшти македонското МНР, на средбата со Захариева ќе бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете пријателски држави, како и за можностите за зајакнување и унапредување на идната соработка во повеќе области од заемен интерес.

Во рамките на посетата, предвидено е Димитров да биде примен од претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Посетата се реализира само неколку дена по ратификацијата на протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.

 

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов