Димитров во Рим: Определбата на Македонија е да ги почитува човековите права и слободи на сите свои граѓани

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска во Рим учествуваше на меѓународната конференција за одговорност на државите, институциите и поединците во борбата против Анти-семитизмот во регионот на ОБСЕ, која се одржа во рамки на италијанското претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Пред почетокот на конференцијата министерот Димитров и останатите шефови на делегации во Ватикан беа примени на аудиенција кај папата Франциско.

Во обраќањето на Конференцијата, МНР Димитров истакна дека определбата на Република Македонија како мултикултурна и мултиетничка држава е да ги почитува човековите права и слободи на сите свои граѓани и го истакна значењето на еврејската заедница во Република Македонија која иако не е многубројна, има посебен придонес во збогатувањето на културниот мозаик, традиции и врски на земјата. Тој исто така ги запозна дека во Република Македонија досега не е забележан ниту еден антисемитски инцидент.

Воедно ги информираше учесниците дека оваа година на 12 март со неколку настани ќе бидат одбележани 75 години од депортацијата на македонските евреи во концентрациониот камп Треблинка и дека по тој повод се планира Собранието на Република Македонија да усвои декларација за осуда на говорот на омраза и антисемитизмот.

На маргините на конференцијата МНР Димитров оствари билатерални средби со својот домаќин и италијански колега Анџелино Алфано и со шефицата на дипломатијата на Австрија, Карин Кнајсел.

На средбата со колешката Карин Кнајсел беа разменети мислења за активностите и реформите кои ги презема Владата на Република Македонија со цел интеграција во ЕУ и НАТО. Австриската министерка Кнајсел ја поздрави политиката на Владата на Република Македонија во делот на домашната реформска агенда и односите кон соседите. Го пофали потпишаниот договор за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, нагласувајќи дека истиот претставува резултат и успех на билатералната дипломатија. Изрази благодарност за добрата соработка меѓу полициите на двете земји. Во оваа прилика министерот Димитров упати покана до МНР Кнајсел да ја посети Република Македонија, која беше прифатена.

На средбата со италијанскиот министер Анџелино Алфано, Димитров изрази благодарност за поддршката и активностите на Италија за земјите од Западен Балкан дадена во рамките на Берлинскиот процес и Самитот во Трст, како и принципиелната подршка на Италија за европската иднина на Република Македонија, која е од интерес и за Италија и за Европа. Министерот Алфано ги поздрави реформските процеси кои ги презема Владата на Република Македонија и истакна дека Италија целосно ги поддржува евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Воедно, двајцата соговорници разменија мислења за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете држави.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов