Димитров во Брисел на средба со Хан

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој заедно со вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска престојува во работна посета на Брисел, попладнево ќе има средба со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан.

Шекеринска и Димитров престојуваат во Брисел каде што утре ќе учествуваат на состанокот на Североатланскиот совет со Република Македонија. За утре е закажана и средба со заменик генералниот секретар на НАТО Роуз Готемелер, по што во 14:45 часот во прес-центарот на НАТО ќе дадат заедничка изјава за медиумите.

Во пресрет на состанокот, вицепремиерката Шекеринска денеска имаше средба со Педро Серано, заменик генералниот секретар на Европската служба за надворешна политика Педро Серано, а утре ќе има средба и со директорот на Директоратот за планирање и политика на НАТО Пол Северо (NAC+1).

Со состанокот на Североатланскиот совет којшто ќе се одржи во седиштето на НАТО ќе се затвори 17-от циклус на Акциониот план за членство на РМ во НАТО, при што ќе бидат презентирани реализираните цели и активности на Владата во насока на исполнување на поставените критериуми за членство во Алијансата.

Од Владата денеска соопштија дека фокусот ќе биде ставен на реформските процеси што интензивно и навремено се спроведуваат според Планот 3-6-9, на придонесот на Македонија кон зачувување и унапредување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко, како и на идните активности во рамки на проактивната надворешна политика и одбранбените реформи.

Би можело да ве интересира

Предупредување од ЕУ: Можен е недостиг на гориво

„Волстрит џурнал“: Европа подготвува „европско НАТО“ во случај САД да си замине

Дмитриев: Европејците ќе ги паметат одлуките на русофобичните Урсула и Каја

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он