Димитров: Северна Македонија годинава претставува случај на надеж и охрабрување за регионот и Европа

Од:

Министерот Димитров пред германските пратеници го презентираше постигнатиот успех во односите со соседите, пред се преку договорите со Грција и Бугарија, и понуди кус осврт на реформските резултати и очекувањата на земјата во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори во јуни оваа година.

МНР Димитров: „Северна Македонија годинава претставува случај на надеж и охрабрување за регионот и Европа. Поткрепени од постигнатото, денеска во Берлин нудиме аргументи за тоа зошто е важно нашите германски пријатели да не’ поддржат во отворањето на наредната врата од нашето европско патување. Направивме доста, но не’ чека уште многу работа за да стигнеме до поскауваната цел – нова европска реалност, преку темелна реформа и фундаментална трансформација на општеството и државата. Јасното препознавање на нашите напори ќе значи консолидација на постигнатото и дополнителен поттик на овој пат, како за Северна Македонија така и за европската иднина на целиот регион.“

Во таа прилика, пратеникот Јурген Харт, портпарол на ЦДУ/ЦСУ за надворешна политика и член на работната група, кој го водеше состанокот исткана: „После храбриот чекор во надминување на деценискиот спор со Грција, Северна Македонија ја има нашата полна поддршка за членството во НАТО и приближувањето кон ЕУ.”

Во рамки на денешните средби во Бундестагот, министерот Димитров се сретна и со лидерот на пратеничката група на ЦДУ/ЦСУ, Ралф Бринкхаус, со кој разговараа за актуелностите во процесот на нашата европска интеграција и подрршката и позициите на ЦДИ/ЦСУ во тој контекст, како и за други теми од регионален карактер.

Денешната посета продолжува со средби со претставници на Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел. Утре, во активностите на вториот ден од посетата ќе се вклучи и ЗПВРСМ Бујар Османи, при што е планиран заеднички брифинг пред парламентарната Комисија за европски прашања во Бундестагот, на која ќе го презентираат напредокот и подготвеноста на земјата за почеток на пристапните преговори со Европската унија, во пресрет на јунскиот Совет на ЕУ. Предвидени се и средби со министерот за Европа, Михаил Рот и новата лидерка на ЦДУ, Анегрет Крамп-Каренбауер.

Би можело да ве интересира

„Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Путин фрли бомба врз Берлин

Медведев: Може да се случи „Мајдан“ во Берлин

Трактори го окупираа центарот на Берлин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Германија: Изгоре дом, нападната станица, 300 уапсени, повредени полицајци

А1он

(ВИДЕО) Големи судири меѓу полицијата и демонстрантите во арапскиот кварт во Берлин, има многу повредени

Горан Наумовски

Два молотови коктели се фрлени врз синагога во Берлин

Горан Наумовски