Димитров: Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот

Од:

Носителот на кандидатската листa на СДСМ во првата изборна единица, Никола Димитров, изјави денес дека неизлегувањето на гласање на овие избори значи враќање назад и е одлука која оди во прилог на „враќање на режимот“.

– Чуда направивме за две и пол години. На чекор сме до ЕУ. Немаме избор. Нема враќање назад. Затоа гласот за ВМРО-ДПМНЕ и за нивните сателити не води назад. Да си ја зграпчиме шансата можеме многу да направиме во сите сфери, рече Димитров.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со носителите на кандидатската листа во ИЕ 1, Мила Царовска и Никола Димитров, одржаа трибина во Припор на која разговараа со граѓани и ги повикаа на 15 јули да гласаат за коалицијата „Можеме”.

– Имавме храброст и став и мудрост да имаме наша татковина. Да имаме наша земја. Да имаме имотен лист и повеќе да не сме ФИРОМ. Имаме земја признаена од целиот свет. Чесно му служевме на народот. Не калкулиравме. Ја дигнавме економијата. Покажавме дека Можеме. Македонштината никогаш не била погорда. Целиот свет ни е пријател и имаме поддршка. Секој што седи дома на 15 јули е за враќање на режимот, на човечињата, на мракот, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Димитров: Главниот правец во следната фаза е европскиот пат, а главата битка на домашен терен

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он