Димитров се заблагодарил за норвешката помош на министерката Ине Ериксен Сореиде

Од:

На барање на норвешката страна, министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска телефонски разговарал со министерката за надворешни работи на Кралството Норвешка, Ине Ериксен Сореиде.

Како што денеска соопштија од МНР, Димитров и се заблагодарил на норвешката влада, која одобри помош во вредност од 3,2 милиони евра за итна реализација преку програмата на УНОПС за Северна Македонија, Србија и Црна Гора, за медицински материјали и препарати за справување со пандемијата. Од тие средства беа набавени респиратори со што беше зајакнат капацитетот на здравствениот систем во справувањето со Ковид-19.

Тој исто така упатил благодарност и за Проектот наменет за изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи, што исто така е финансиран од Кралството Норвешка.

– Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби поврзани со здравствената криза, предизвиците и можностите за поддршка, ги споделија искуствата и праксите при справувањето со неа и уште еднаш беше истакната потребата од солидарност и соработка, стои во соопштението од МНР.

Шефовите на дипломатиите изразиле задоволство од досегашниот развој на билатералните односи и соработка, а се осврнале и на блиската соработка во мултилатералата.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов