Димитров се сретна со Жбогар

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска оствари прва средба со амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

На средбата, информираат од МНР, министерот Димитров ја потенцираше подготвеноста на Владата за целосен ангажман во имплементација на клучните реформи со цел на краток рок да се отвори патот за обновување на препораката за почеток на пристапните преговори.

– Во таа насока, беа разгледани претстојните поважни активности од европската агенда. Придвижувањето на евроинтеграциските процеси ќе овозможи отворање на дискусија за донесување на одлука за почеток на пристапните преговори, како чекор кон остварување на стратешката цел на Македонија – членство во Европската унија, соопшти МНР.

На средбата, се додава во соопштението, беше искажана заедничка подготвеност за динамична соработка во насока на остварување на овие цели.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини