А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Димитров: Потребен ни е процес за да се европеизираме

by А1он14/10/2019 - 17:0814/10/2019 - 19:42397
Share0

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се обрати пред комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент каде побара од Европската Унија да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство дадено во јуни 2018-та година.

Добивај вести на вибер

Министерот порача дека Европската Унија треба да продолжи да влијае позитивно врз реформскиот процес во регионот, и дека поради тоа е важен нејзиниот кредибилитет во однос на Северна Македонија, кога четиринаесет години е земја кандидат за членство, со десет последователни препораки за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Димитров истакна дека доколку оваа недела нема позитивна одлука за старт на пристапните преговори со Унијата, „нема да биде лесно“ да се продолжи со истата политичка енергија во земјата, но и дека тоа ќе значи голема разочараност за самите граѓани.

-Потребно ни е горивото кое доаѓа со таквото политичко охрабрување за да продолжиме да се движиме во правата насока, изјави Димитров пред европратениците.

Тој изрази поддршка и за барањата на Франција за промена на методологијата за преговарчкит процес.

-Луѓето немаат што да изгубат ако пристапниот процес биде предмет на поголем надзор, немаме што да добиеме ако утре Советот каже дека можеме веднаш да станеме земја членка, ќе бидеме истата земја, нам ни е потребен процес да станеме повеќе Европејци, го поддржуваме ова, но ако вториот столб е кредибилитетот, првиот е перспективата, изјави министерот за надворешни работи.

Министерот потсети на важноста на сигналот за старт на преговори за целиот регион и кредибилитетот на Унијата во истиот.

Поддршка за Северна Македонија беше изразена од речиси сите европратеници кои побараа збор по обраќањето на Димитров, освен од бугарски пратеник кој предупреди дека земјата сѐ уште не е подготвена.

Француската пратеничка од редовите на партијата на Емануел Макрон и поранешна министерка за европски прашања, Натали Лоазо, порача дека Северна Македонија и припаѓа на Европската Унија од секој аспект и рече дека ја разбира важноста да се задржи европската перспектива за да се поддржат реформските сили во земјата, но таа уште еднаш потсети и на потребата од внатрешна реформа на ЕУ.

-Нашата куќа не е средена, имаме тензии, не смееме да ги премолчиме и да глумиме дека проширувањето е лесно, за да успее проширувањето треба да си ги дадеме себеси средствата, да ги избегнеме лесните и демагошки дискурси дека е важно сега да се отворат преговори, и не е важно колку време ќе траат. Долги преговори исто толку доведуваат до очај, истакна пратеничката Лоазо.

Таа го праша Димитров дали доколку Северна Македонија сега беше членка на ЕУ ќе застанеше зад заедничкиот став на Унијата за Турција со кој се осудува нападот врз северостичниот дел на Сирија.

Министерот одговори дека “со голема загриженост“ се следи ситуацијата, посебно поради тоа што Северна Македонија ќе биде на удар доколку дојде до повторна миграциска криза.

-Ќе се изразам без претходно усогласување со владата, но би рекол дека целосно би ја усвоиле позицијата на ЕУ, одговори министерот за надворешни работи.

На крајот од дискусијата, европратеникот Дејвид Мекалистер потенцираше дека „ова е важна недела за земјата и мнозинството овде се изјаснија дека целосно го поддржуваат почетокот на преговори со Северна Македонија, бидејќи тоа земјата го заслужи“.

– Ги повикуваме на одговорност земјите-членки. Северна Македонија заврши добра работа и продолжете со напорната работа. Сметам дека Договорот од Преспа беше главен пробив, една од ретките добри вести на Балканот во последните неколку години, рече Мекалистер.

eumakedonija

Би можело да ве интересира

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 20:33

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Предраг Петровиќ27/03/2026 - 16:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто