Димитров на сесија на министри за надворешни работи на конференција за Западен Балкан во Трст

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе учествува на сесијата на министрите за надворешни работи како дел од конференцијата на високо ниво за Западен Балкан во рамки на „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи утре во Трст под покровителство на италијанскиот премиер, Паоло Џентилони.

Сесијата ќе ја води шефот на италијанската дипломатија, Анџелино Алфано, во присуство на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Предвидено е и обраќање на министерот Димитров на Форумот на граѓанскиот сектор, соопштија од МНР.

На маргините на конференцијата, како што се наведува, предвидени се повеќе негови билатерални средби на Димитров, меѓу кои и со неговите колеги од Италија и Франција.

На конференцијата ќе учествуваат шесте земји од Западен Балкан: Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, и четирите влијателни земји-членки на ЕУ: Германија, Aвстрија, Франција и Италија.

Годинава на конференцијата ќе се вклучи и петта држава – Велика Британија во улога на следен домаќин на ваква конференција во 2018 година. Во својство на набљудувачи во процесот остануваат Словенија и Хрватска.

Тематски, годишните конференции на високо ниво имаат агенда заснована на политичка и економска димензија, со паралелни сесии на ниво на премиери, министри за надворешни работи и министри за економија. Досегашните теми на конфренцијата опфаќаа: инфраструктурни проекти за транспортно и енергетско поврзување (Connectivity Agenda) и реформски мерки за нивна имплементација, соработка на младите и билатерални прашања, од а оваа година се вклучува и темата за Регионална економска област, со усвојување на Акциски план за нејзина имплементација.

На маргините на конференцијата се одржуваат бизнис форум и собир на организации на граѓанскиот/невладин сектор, а годинава се воведува работилница за антикорпуција и Инаугурација на седиштето на регионалните стопански комори, во Трст.

Би можело да ве интересира

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

Орце Костов

Димитров: Лага е дека историските прашања не се во рамката, предлогот е апсолутно истиот

Ландов

Османи удри по Димитров: Ти прифати Илинденското востание да се преименува во Илинден-Преображение

Македонски дипломатски синдикат до Димитров: Пустошот што го остави тешко дека ќе можe да се поправи следните неколку години

Ана Ололовска

Милошоски: Неморално e Димитров сега да зборува за можен нов штетен договор со Бугарија

Ана Ололовска

Османи бара фер однос од Димитров: Да им ја обезбедиме европската иднина на граѓаните која предолго само им ја ветуваме

Ана Ололовска