Димитров на покана на Коѕијас ќе учествува на средба со министрите за надворешни работи на Грција, Албанија и Бугарија

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, на покана на неговиот грчки колега, Никос Коѕијас, ќе учествува на третата по ред четирипартитна средба на министрите за надворешни работи на Грција, Албанија, Бугарија и Република Македонија, што ќе се одржи на 3 и 4 мај во Солун.

Како што соопшти МНР, на средбата, покрај министрите за надворешни работи ќе учествуваат министри и високи претставници од министерствата за внатрешни работи, како и за транспорт и врски, од четирите земји.

– Се очекува во дискусијата на тркалезната маса министрите за надворешни работи да се осврнат на предизвиците за регионот на Југоисточна Европа од состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, последиците од движењето на бегалците/мигрантите кон Балканот, и иднината на Европа и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во ЕУ, посочуваат од МНР.

Од другите теми во надлежност на ресорните институции ќе бидат опфатени и прашања во врска со прекуграничната соработка во областите на полициската, царинската и цивилната заштита, интерконективноста и транспортното умрежување во регионот, стои во соопштението.

Во соопштението од МНР не е наведено дали е предвидена билатерална средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, на која би станало збор и за спорот за името. Последната средба за изнаоѓање решение за името, двајцата министри ја имаа минатата недела во Виена, заедно со посредникот на ОН Метју Нимиц.

По средбата изјава даде само Нимиц и кажа дека двете страни остануваат посветени на решавање на проблемот, без да презентираат детали во разговорите.

Како што веќе објави МИА, следниот петок, на 11 мај во Сунио, во близина на Атина, ќе се одржи министерски состанок на Вишеград 4 и Балкан 4, односно средба на министрите од вишеградската група и од балканските земји. И во рамките на овој состанок, повторно, на заедничка маса ќе седнат Никос Коѕијас и Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Огромен пожар беснее на Крит, масовна евакуација на населението и туристите

Новиот грчки министер за миграција вели дека убивањето мигранти на граница е во ред

(ВИДЕО) Локализиран е пожарот кој избувна во близина на Кавала: Туристите добија итно предупредување

Горан Наумовски

Ослободен е македонскиот камионџија кој вчера беше уапсен во Грција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувнаа пожари во близина на Солун

(ВИДЕО) Голем пожар во близина на Атина, изгореа куќи