Димитров на министерскиот совет на ОБСЕ: Не постои друга алтернатива освен заштитата на човековите права

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров учествуваше на 24-от Министерски совет на ОБСЕ, кој се одржува на 7 и 8 декември 2017 г. во Виена, Австрија.

На Министерскиот совет се дискутираше за активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува ОБСЕ регионот, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици.

МНР Димитров во своето обраќање меѓу другото го потенцираше следново:

„Како држави учеснички на ОБСЕ имаме одговорност да направиме повеќе напори со цел да го направиме ОБСЕ поефикасно при справување со предизвиците. Истовремено, треба да соработуваме и да ја имаме пред нас во вид повисoката цел. Но пред сè, како што и Македонија научи на потешкиот начин, преку сопствената неодамнешна политичка криза, не смее да има поинаква алтернатива на нашите заеднички вредности: заштита на човековите права, основните слободи и демократските норми, економска слобода и одговорност. Вредности кои се од бенефит и за македонската демократија, како и за патот кон кој сме цврсто посветени – европска и евро-атлантска интеграција.”

На маргините на состанокот, МНР Димитров оствари повеќе билатерални средби и куси видувања со претставници на ОБСЕ, како и со свои колеги и останати шефови на делегации.

На средбата со новоизбраниот МНР на Кралството Холандија, Халбе Зајлстра беа разменети мислења околу реформските преземања на македонската Влада и очекувањата во поглед на европските и евро-атлантските аспирации на Македонија.

За време на средбата со МНРЕИ на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ соговорниците разменија идеи за конкретни чекори во насока на зацврстување на регионалната соработка.

Министерот оствари средба и со МНР на Република Казахстан Каират Абдрахманов, на која министрите разменија видувања околу можностите за развивање на билатералната соработка, особено во економската сфера.

Министерот Димитров се сретна и со државниот министер за Европа и Америка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Сер Алан Данкан, на која беа разменети мислења за актуелните случувања во двете земји, како и за поддршката од Велика Британија за реформската агенда на Македонија и нејзиониот напредок кон НАТО и ЕУ.

За време на средбата со ЗМНР на Кралството Шпанија и шеф на шпанската делегација, Илдефонсо Кастро Лопез, покрај за билатерланите односи меѓу двете земји стана збор и преземањата и очекувањата на Република Македонија во однос на приклучување на европското семејство.

МНР Димитров го информираше новоименуваниот ЗМНР на Кралството Норвешка и шеф на норвешката делегација, Аудун Халворсен за последните чекори на Република Македонија во насока на евро-атлантско интегрирање на земјата, а беа разменети мислења и за билатералната соработка.

Воедно министерот Димитров зема учество и на панел организиран и воден од страна на генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, посветен на улогата, перцепцијата и иднината на теренските операции на ОБСЕ, на кој беа претставени две успешни приказни – македонската и молдавската. Министерот Димитров во своето обраќање на панелот нагласи дека треба да се ослободиме од стигмата и поврзувањето на присуството на ОБСЕ мисија во земјата со кризи и потешкотии, и наместо тоа да се фокусираме на позитивните можности за соработка преку релевантни проекти од помош за земјата.

Панелот предизвика висок интерес и посетеност, а воедно понуди и можност за отворена дисксуија со присутните.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски

Хипи: Луѓето сакаат да бидат на евроатлантската траекторија бидејќи веруваат во слобода и демократија

Заврши Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје, постигнат консензус за идниот претседавач, но не и за буџетот