Димитров на економскиот форум во Делфи, Грција

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Никола Димитров, денеска и утре ќе учествува на 4. „Делфи економски форум“, кој оваа година се одржува од 28 февруари до 3 март во истоимениот град во Грција.

Како што соопшти МНР, на покана на основачот и претседател на Delphi Economic Forum, а под покровителство на претседателот на Хеленската Република, Прокопис Павлопулос, Димитров, вечер ќе се обрати на централниот настан на Форумот, кој оваа година тематски е посветен на „Предизвикот на инклузивниот раст“.

Покрај министерот Димитров, во рамките на пленарната сесија свое обраќање ќе имаат и премиерот на Грција, Алексис Ципрас, шефот на диполоматијата на Кипар, Никос Христодулидис, потпретседателот на Владата на Романија, Ана Бирчал и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Министерот Димитров е првиот претставник на високо ниво од нашата земја кој ќе учествува на Форумот, чија цел е преку обединување на светските лидери да го продлабочи разбирањето на прашањата и предизвиците кои влијаат на глобалната заедница, Европската унија, поширокиот Медитерански регион, како и на Југоисточна Европа.

На маргините на настанот, предвидено е шефот на македонската дипломатија да оствари и повеќе билатерални средби, наведуваат од МНР.

 

 

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски