Димитров: Можеме и мораме да направиме разлика и суштински исчекор кон ЕУ

Од:

Денеска, Министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Будимпешта учествуваше на министерскиот состанок на земјите од Вишеградската група и земјите од Западен Балкан.

На годинешниот состанок, во рамките на Унгарското претседателство со Вишеградската група, централна тема на дискусија беше евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан – забрзување на процесот на проширување, а се разговараше и за безбедносните предизвици во Западен Балкан.

Претставниците на Вишеградската група ја реафирмираа посветеноста за натамошна поддршка на евроатлантската интеграција на Западен Балкан. Констатирана е потребата од зајакнување на интензитетот во спроведување на неопходните реформски процеси во насока на приближување на земјите од Западен Балкан до Европската Унија.

– Нашиот пат кон ЕУ почнува дома, а до финалната дестинација – Брисел ќе стигнеме преку нашиот регион и преку соседниот, регионот на централна Европа. Со нашата реформска ориентација, позитивната политичка агенда и поддршката од нашите пријатели во Европа, вклучително и од осумте држави членки присутни денеска, во 2018 година можеме и мораме да направиме разлика и суштински исчекор, рече Димитров.

На маргините на состанокот, министерот Димитров имаше одвоени средби со повеќе колеги – учесници на состанокот В4 – Западен Балкан.

На средбата со МНР на Унгарија Петер Сијарто беше подвлечена важната улога на Република Македонија во справувањето со мигрантската криза и придонесот кон стабилноста на регионот. Унгарија ќе продолжи да дава поддршка на европската и евро-атлантската агенда на Република Македонија и да инсистира добивање датум за отпочнување пристапни преговори. Беше нотиран видлив раст во обемот на трговската размена. Кредитнита линија на унгарската Ексим банка е зголемена на 300 милиони евра што им стојат на располагање на двете држави, зајакната е комуникацијата меѓу двете држави со зголемување на фрекфенцијата на летови на унгарскиот авио-превозник Wizzair, а на студентите од Република Македонија им се ставаат на располагање стипендии за студирање на унгарските универзитети.

На средбата со ЗМНР на Чешката Република беше реафирмирана нивната принципиелна поддршка на нашите аспирации за зачленување во ЕУ и НАТО.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов