Димитров-Ќучук: Резолуцијата на ЕП реално да ги отсликува постигнатите реформи

Од:

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која посочил дека нашите очекувања од Резолуцијата на ЕП, се дека треба реално да ги отсликува постигнатите реформи и демократските процеси на земјата.

Како што соопшти СЕП, на средбата со Ќучук, кој е европратеник од политичката група „Обнова на Европа“, беше изразена благодарност за континуираната и принципиелна поддршка на Европскиот парламент во контекст на политиката за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан, како и конкретно во соработката со Собранието на Северна Македонија во рамките на Жан Моне Дијалогот.

-Ги цениме заложбите на Европскиот парламент и вашите лични заложби за што поскоро усвојување на Преговарачката рамка, процес кој мора да се одвива во европски дух. Само со почитување и применување на европските вредности може да се дојде до заемно решение кое ќе овозможи што побрзо одржување на долгоочекуваната и заслужена меѓувладина конференција, како официјален старт на процесот за кои сме подготвени, рече Димитров.

Потенцираше дека пристапните преговори треба да бидат пред сѐ, алатка за суштински секторски реформи и постигнување на европските стандарди, информирајќи за остварените реформски активности и цврстата заложба за продолжување на процесот во клучните области.

Ќучук, во пресрет на усвојувањето на Резолуцијата во ЕП му ги презентираше ставовите на АФЕТ во однос на иднината на евроинтеграцискиот процес и изрази принципиелна поддршка за европските цели на Северна Македонија. Соговорниците разменија мислења и околу можностите за унапредување на инфраструктурните, образовните и културните проекти преку искористување на ЕУ фондовите.

Би можело да ве интересира

Димитров се слушнал со Блинкен: Преспанскиот договор е појдовна точка за позитивни промени

Жарко Настоски

Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика, но посветени сме да продолжиме со билатералните напори

Жарко Настоски

Средба Маричиќ-Ќучук пред утрeшното гласање на резулоцијата за Северна Македонија

Вархеји: ЕУ прави напори да обезбеди дополнителни вакцини за Западниот Балкан

Жарко Настоски

Вицепремиерот Димитров позитивен на коронавирус

Димитров: Нашите институции потрошиле премалку, не ги исполнуваме условите за пари од европскиот солидарен фонд

Жарко Настоски