(ВИДЕО) Димитров: Ќе ја убедиме ЕУ дека заслужуваме членство заедно со Србија и Црна Гора

Од:

Македонија ќе направи се што може да го фати возот и заедно со Црна Гора и Србија да стане членка на ЕУ и преку надминувањето на заостанувањето во однос на реформите да ја убеди Европската комисија во тоа, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот црногорски колега Срѓан Дармановиќ.

– Би било многу убаво ако имаме реформска трка во регионот. Многупати повторувавме дека на Балканот или заедно ќе успееме или заедно нема да успееме. Македонија е среќна и има корист од тоа што Црна Гора напредува успешно по својот европски пат. Ќе направиме се што можеме да го фатиме тој воз и да ја убедиме Европската комисија и претседателот Јункер дека е многу важно во тој документ што ќе го објават во февруари да има простор Македонија да го надомести заостанатото. Тоа би било многу корисно и за евроинтеграциите, рече Димитров запрашан за коментар во однос на изјавата на претседателот на ЕК Жан Клод Јункер дека до 2025 година Црна Гора и Србија ќе станат дел од ЕУ.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

ЕУ подготвува санкции против САД поради Гренланд

Европа се подготвува да испрати војници на Гренланд

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Мема: Урсула фон дер Лајен се обидува да ја претвори ЕУ во Четвртиот Рајх

МНР: Неаргументирани коментари не се европски, потребна е почит кон Македонија

Горан Наумовски