(ВИДЕО) Димитров: Идентитетските прашања да се извлечат од преговорите за името

Од:

Идентитетските прашања да се извлечат од процесот на преговорите за името со Грција, со цел да може тој процес на зближување да продолжи и двете држави да имаат разбирање една за друга, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров, на презентација на отчетот за 100-те дена од работата на Министерството за надворешни работи.

Тој посочи дека преговорите не се почнати и дека во моментов се работи на исцртување на контурите на тој процес, на нивната форма, на датумот.

– Грција не може успешно да го затвори овој спор ако Македонија е понижена, тоа е апсолутно неспорно, дури и „победата“ на Грција со ветото на Самитот на НАТО во 2008 година е пирова, бидејќи создаде контекст на еден сосед кој го загуби моралниот компас, си ја растресе својата демократија, стана произведувач на проблеми, кризи, рече тој.

Димитров истакна дека постои потреба од надминување на историјата, со цел работите да се придвижат во позитивна насока.

– Стравот и држењето во ровот на историјата ја ослабува Македонија, мора да си го фатиме возот, штитејќи си го сопственосто достоинство и идентитетот, рече шефот на дипломатијата.

Во врска со можноста за менување на учебниците по историја со цел да се спушти топката во односите со соседите, Димитров изјави дека е син на татко бегалец од Егејска Македонија.

– Татко ми е дојден во РМ по граѓанска војна во Грција во 1948 година. Не сум историчар, не сакам да одам поконкретно во однос на ова. Ако сакаме да ги отвориме односите, да отвориме поголем простор за соработка не знам зошто би имале страв да видиме каков е историскиот наратив во Грција за нас и каков е наративот кај нас за Грција, рече Димитров.

Тој ја најави квадрилатерална средба в среда и четврток во Солун на покана на Никос Коѕијас, на која ќе учествуваат и Албанија и Бугарија. На средбата ќе се разговара за безбедносната соработка, прекуграничната соработка, енергетското поврзување и за други актуелни теми. Тој очекува билатерална средба со Коѕијас.

МНР води разговори со претседателот на државата за пополнување на амбасадорските места, од кои сега се празни 13, а во 2018 нивната бројка ќе стане 15.

– Сега сме во финалната фаза на првата рунда преговори. Наследив една тешка ситуација, екипираност на ДКП и во однос на бројност и во одност на балансот меѓу кариерни дипломати и политички именувани дипломати. Соодносот е 60 спрема 40 во корист на политички именуваните и градиме добра волја и консензус да го подобриме тој баланс, рече министерот.

Тој ги наброја достигнувањата во изминатите сто дена, меѓу 31 меѓународна посета, 17 билатерални и 14 мултилатерални, средби со 44 министри за надворешни работи, потпишување декларации и политички изјави за партнерство, состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и ЕУ, средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, како и состанокот на Северноатлантскиот совет, со кој се заокружи 17. циклус на приближувањето кон НАТО.

– Македонија од земја, која асоцира на криза денес претставува земја, која асоцира на надеж и можности, нагласи шефот на дипломатијата.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов