Димитров и Коѕиас нема да разговараат за името, туку за унапредување на довербата меѓу двете земји

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на утрешната средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕиас во Атина, нема да се разговара за името туку како да се унапредат мерките на доверба меѓу двете земји.

– Испраќаме порака на една нова иднина во делот на соработката помеѓу Р.Македонија и Р.Грција, а тоа е иднина којашто ќе гарантира заедничка европска иднина, наместо да заглавиме во историјата како што беше пример до сега. Првите разговори со премиерот Ципрас, првите мои разговори и со министерот Коцијас, но и на нашиот министер за надворешни работи со Коцијас наговестуваат пријателски однос се со конечна цел да побараме поддршка пред се од граѓаните на Грција преточена преку владејачките партии, преку опозиционите партии, преку Владата на Р.Грција, преку Парламентот на Р.Грција да помогнат на Р.Македонија во исчекорот на своите интеграции, а тоа е да ги ослободат процесите заради тоа што навистина процесот на преговорите има можност да тече. Сакаме да изнајдеме решение на овој горчлив проблем, пред се за нас, граѓаните на Р.Македонија и за нашата земја, но секако и да ги ослободиме интеграциите на државата, мислејќи на НАТО интеграцијата и отпочнувајќи преговори со Европската Унија, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по дадениот исказ во СЈО за случајот „Таргет“.

Заев очекува тенденција на позачестени состаноци меѓу високите претставници на Република Македонија и на Република Грција, вклучително и на премиерите на двете земји.

– Го очекуваме господинот Нимиц да ја посети и Македонија и Грција, се со конечна цел да ги убрзаме ваквите процеси, при тоа секако, нашиот став е јасен. Ставовите поврзани околу уставното име на Република Македонија ќе ги градиме во конзензус со опозицијата, а ќе бидат конечни на реферндум на кој ќе се изјаснат граѓаните, изјави Заев.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски