Димитров-Хекер: Западниот Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими на средба Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската Канцеларка Ангела Меркел, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

МНР Димитров се заблагодари за козистентната поддршка на СР Германија за европската перспектива на Република Македонија и во тој контекст, го поздрави договорот за формирање нова коалициска влада во Берлин, како икслучително значаен за регионот, Европа и пошироко.

Министерот Никола Димитров го запозна соговорникот со текот на реформите неопходни за европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија. Притоа, посебно внимание беше ставено на предизвиците во тој процес, вклучувајќи го и текот на преговорите со Грција за надминување на разликата околу името.

Советникот Хекер увери дека идната германска Влада ќе ја продолжи својата активна улога за интеграцијата на Република Македонија и регионот во ЕУ и НАТО, истакнувајќи дека Западниот Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика. Тој исто така ги поздрави напорите на Владата на Република Македонија за спроведувањето на домашните реформи и позитивниот и проактивен пристап во односите со соседите.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби