Димитров-Готемолер: Поддршка за заложбите на Македонија за приклучување во НАТО

Од:

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот Димитров денес имаше средба со заменикот генерален секретар на НАТО, Роуз Готемолер, на која беа разменети мислења за актуелната соработка меѓу Република Македонија и НАТО, како и подготовките што ги презема Република Македонија во рамките на пристапниот процес за членство на земјата во Алијансата.

Притоа, Димитров го образложи моменталниот контекст и атмосфера во земјата, како и текот на подготовките во пресрет на референдумот, но и паралелната конкретна работа на имплементација на реформите. Воедно се осврна на актуелниот регионален контекст, како и на важноста од успехот на домашните процеси во овие историски моменти за земјата. Димитров изјави:

„Ви благодарам за поканата за пристапни преговори за Република Македонија на Самитот во јули. Одлучно одиме по патот до членството што го зацртавме уште пред 25 години. Ќе ја завршиме оваа незавршена историска мисија, во интерес на стабилноста и просперитетот на Република Македонија, на стабилноста на Балканот и на стабилноста на Европа.”

Готемолер, изрази подготвеност за сестрана поддршка кон заложбите на Република Македонија за приклучување кон Алијансата и надеж дека ќе знаеме да ја искористиме широко отворената врата.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана