Димитров: Главниот правец во следната фаза е европскиот пат, а главата битка на домашен терен

Од:

Европскиот пат ќе биде главниот пат за државата во периодот што претстои, а нашата најголема битка во следната фаза ќе биде насочена на домашен терен, порача денеска досегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров при влезот во Собранието, каде треба да почне седницата на која ќе се избере првиот човек на законодавното тело.

Димитров одговарајќи на новинарско прашање дали е задоволен од позицијата за која е предложен во новиот владин состав, вицепремиер задолжен за европски прашања, истакна дека за него нема поголем предизвик од чекорењето по европскиот пат.

-Јас потекнувам од тоа министерство уште од ’96 година. Меѓутоа мислам дека тоа што успеавме да го направиме преку МНР, да го отвориме патот, за мене во моментов нема поголем предизвик од изодување на тој пат и мислам дека главниот правец за државата ќе биде европскиот пат и мислам дека ќе ми даде малку поголемо влијание дома. Мислам дека нашата голема битка во следнава фаза сепак е повеќе кон дома, рече Димитров.

Со идниот министер за надворешни ќе седне ќе разговара, со цел работите да се движат во насока на негување на односите што се изградени и одржување на одличниот меѓународен рејтинг на Северна Македонија, но и со цел да се задржи редот во куќата.

-Има уште работа и во смисла на законот, составот на амбасадори што ги номиниравме, кои останаа поради деветте одлагања на претходната Комисија за надворешна политика, иако јас мислам дека и во таа смисла сепак требаше да ги испратиме. Тоа е многу итна работа во моментот, бидејќи дипломатија не може да се води од главнот град, мора да има високи претставници во соседните земји, во европските центри, во светските центри. Така што тие ќе бидат поитните работи, рече Димитров.

Во врска со смената на грчкиот тим во рамки на Комисијата за историски прашања и учебниците, досегашниот шеф на дипломатијата посочи дека има долга пауза во работата на таа комисија, но додаде дека „топката била во Атина“.

-Очекуваме мислам дека следната средба е кај нив. Очекуваме датум, донекаде ситуацијата со пандемијата тоа го предизвика, ќе се продолжи да се работи, нагласи Димитров.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски