Димитров: Договорена рамка за компромис за името

Од:

Никос Коѕиас и Никола Димитров до доцна синоќа преговарале и постигнале рамка за компромис за името.

-Имавме продуктивна средба, имаме рамка што треба да се доработи и на неа во моментов правни тимови од двете министерства во Атина работат, се планира важен разговор на премиерско ниво, Заев со Ципрас кон средината на оваа недела, каде се надеваме дека ќе се пресечат некои важни работи од опциите што се во игра, изјави Димитров.

– Мислам дека тоа треба да го оставиме на премиерите. Видовме колку комуникациите околу процесот влијаат врз него, го имаме веќе тоа искуство да му дадеме шанса на процесот, изјави Димитров за МИА.

Шефот на македонската дипломатија утрово имаше неформален појадок со министри за надворешни работи на ЕУ или нивни заменици. Франција и Холандија биле најтврди во однос на почетокот на преговори, како што беше очекувано. Но, министерот смета дека “чуда се можни“.

-Убаво е да знаеме дека ова не е едноставно… Внатрешната консолидација во ЕУ е комплементарна а не спротивна на консилидацијата на Балканот, а доколку се случи овој историски пробив ќе биде шанса и за цела Европа да се создаде успех. Не сме во ситуација да имаме луксуз да пропуштаме историски шанси, изјави Димитров за МИА.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

„Жито Лукс“ се правда: Зборот Македонија е избришан поради унифицирање на името на фирмата дома и во странство

Маја Илиевска-Пачемска

„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Маја Илиевска-Пачемска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски