Димитров: Ако и годинава нема поместување во евроинтеграциите, целата европска иднина на Балканот бледнее

Од:

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговори за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.

-Хрватска беше по нас, а годинава одбележува осум години членство, а ние го немаме почнато пристапниот процес. Со сите наши маани и несовршености одиме напред, тоа го покажа вчера и извештајот на Фридом Хаус. Решивме проблем што тешко се решава и ако тоа не го препознае ЕУ, па и нашите соседи, тогаш целата европска иднина на Балканот бледнее. И сѐ помалку ќе можеме да ги убедиме граѓаните дека ова е реално и остварливо и оти треба да веруваме на зборовите, на декларациите, на одлуките на земјите членки“, рече Димитров.

Затоа, додава вицепремиерот за европски прашања, мислам дека не треба да креваме раце.

-Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство да направи се што може и затоа мислам дека треба да правиме се да ги искористиме шансите како ќе доаѓаат. Инаку, ако одиме по избори и календарот на избори на земјите членки секогаш ќе има некаков проблем, нагласи Димитров.

Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговорите во јуни.

– Нема гаранции да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор, рече Димитров.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ