Димитриевски во Тетово: Актуелното раководство на СДСМ состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет

Од:

Вечерва караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски беше во Тетово. Во обраќањето пред тетовчани тој се заблагодари на топлиот пречек и рече дека е факт oти се наоѓаме пред историски чин. Граѓаните можат да ја променат таа состојба и за првпат во Македонија да се гласа за, а не против. Тој рече дека сме жртви на два политички субјекта од македонскиот блок и два од албанскиот.

Тој додаде дека на Македонија и треба катарза, прочистување за да се промени ситуацијата. Димитриевски потенцира дека на Македонија и треба претседател кој ќе биде со граѓаните и ќе ги штити нивните интереси.

„На Македонија и треба Претседател, обичен човек којшто ќе тргне од нив и ќе биде со нив. И затоа со право можам да кажам дека јас сум еден од тие.“

Тој објасни дека граѓаните сами, по нивна желба дале поддршка на неговата кандидатура и го поддржале.

„Не сакам, рече Димитриевски, – да видам како се превртуваат автобуси затоа што немаат технички преглед. Живи луѓе да горат по болници, наместо да ги лекуваме, ние ги убиваме. И денеска ги гледам истите луѓе кои се најодговорни за таквите нешта, се шетаат по Македонија, исто како во корона кризата кога правеа пи ар кампања во владата и направија огромен прес центар, наместо да решаваат проблеми, како се саморекламираат и афирмираат за актуелни носители на пратенички листи. И од овде сакам да им порачам на сите такви, а тие таквите во момнетов се актуелното раководство на СДСМ, кое состави пратенички листи за самоамнестија и имунитет. Едни исти луѓе во континуитет со години наназад. Ги испроменија сите функции, а граѓанинот го ставија на дното. Е па не може така“.

Тој се задржа и на ситуацијата во надворешната политика и дипломатијата. Тој потенцира дека професионалните кадри се ставени во ќоше. „Ние, рече Димитриевски сите битки ги изгубивме на маса, поради неспособноста на кадрите кои доаѓаат од партиските кујни“.

Во однос на ситуацијата со Бугарија тој рече дека нему му пречи ставот на нашата политичка гарнитура која со потпис на наш министер ја прифатила во преговарачката рамка составен дел да е декларацијата на бугарскиот парламент, со која се негира се македонско.

„Нам местото ни е во Европа, но единствено како горди, достоинствени луѓе, бидејќи Мкаедонците биле и ќе бидат Европјани по раѓање“.

Тој побара од сограѓаните Албанци, Роми, Турци, Власи да имаат разбирање кон нас Македонците, бидејќи со ваквиот договор се решава еден суштински проблем на македонскиот народ.

„Нашата цел не е да го делиме народот. Нашата цел е да го обединиме народот. Првенствено македонскиот, а потоа и сите граѓани на Македонија“.Тој додаде дека само се зборува за соживот, а всушност се креира биетничко општество. Димитриевски потенцира дека ќе се дефинираат македонските национални црвени линии и ќе се изгради консензус по сите прашаања и дополнително ќе се седне со нашите пријатели и Албанци, но и сите останати етнички заедници шо живеат во Македонија. И ќе се договориме како ќе креираме поубава иднина.
Караванот на претседателскиот кандидат од Движење ЗНАМ – За наша акедонија, Максим Димитриевски денеска ги посети и Јегуновце, Лешок, Брвеница.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: До овој момент немаме разговори за можни коалиции со било кој политички субјект

Димитриевски: Каде беше Ковачевски додека режимот на Груевски ја газеше Македонија

Катерина Ѓуровски

Димитриевски во Тетово: Ја бараме поддршката на граѓаните за работите во Македонија да не бидат како досега

А1он

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Димитриевски од Пелинце: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

А1он

Сиљановска од Струмица: Оттука ќе тргне политичкиот вулкан и ќе стави крај на феудалните енклави на замислените европјани

А1он