Димитриевски: Вие не можете толку да загадите и уништите, колку што ние можеме да го исчистиме и изградиме Куманово

Од:

Еден од врвните приоритети на општина Куманово е здрава и чиста животна средина. Градоначалникот Максим Димитриевски на својот ФБ профил реагира на обидите на несовесни граѓани на уништување на Спомен Костурницата и на фрлањето отпад.

„Ние ќе продолжиме да чистиме и градиме, многу повеќе отколку Вие што можете да загадите и уништите. Ние сме многу повеќе од Вас и ќе го изградиме Куманово и без Вас“, напиша Димитриевски.

Последниов месец, општина Куманово засади 500 садници, исчистени се две диви депонии. Но половина од садниците некој ги откорнал, а на исчистените места повторно никнува депонија. Димитриевски ветува дека повторно ќе ја средат Спомен Костурницата.

Би можело да ве интересира

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ

Почина д-р Јордан Пачков – хроничар на Куманово

А1он

Дете e повредено при пад од тераса во напуштен објект во Куманово

Горан Наумовски

Уценувала поранешен работодавач – поднесена пријава против маж и жена од Куманово

Горан Наумовски

Загина 64-годишен возач во близина на Куманово

Пронајдена почината 50 годишна кумановка

А1он