(ВИДЕО) Димитриевски: Самитот на Алијансата покажа дека криминалната власт ја коцка и НАТО иднината на Македонија

Од:

Самитот на НАТО, во Варшава покажа дека криминално корупциската власт на Никола Груевски се коцка со евро-атланската иднина на Македонија.

Повеќегодишните оценките на НАТО околу подготвеноста на нашата држаа за членство, за жал се претворија во сериозно предупредување дека Македонија се оддалечува од Алијансата.

На тоа упатуваат изразената загриженост дека не се спроведува Договорот од Пржино, како начин за излез од политичката криза и повикот за демократски дијалог, создавање услови за веродостојни избори, обезбедување владеење на правото, независно судство, слобода на медиумите, рече на прес конференција, Максим Димитриевски, член на Извршен одбор и претседател на Комисија за одбрана на СДСМ.

Колку се сериозни овие критики за Македонија покажува пораката дека лидерите на Алијансата ќе продолжат внимателно да ги следат случувањата во Македонија.

Ништо од ова и не е за изненадување од оваа анти ЕУ и анти НАТО власт, којашто изминативе 10 годиини свесно ја оддалечува Македонија од евро-атланстките процеси и преку узурпираните домашни институции, без контрола, слободно краде, корумпира и се богати на грбот на граѓаните.

Да имаше грам одговорност власта во Македонија, немаше да прати двајца министри на Самитот на НАТО во Варшава, организиран на ниво на шефови и држави и влади и оценет од претседателот на САД Обама како најважен за Алијансата по завршувањето на Студената војна.

Затоа граѓаните, на следните регуларни избори ќе ја казнат власта на Груевски и фамилијата
и ќе изберат одговорна Влада којашто ќе добие чест да ја предводи СДСМ.

СДСМ ќе го врати уништениот меѓународен углед на државата и на врвот на приоритетите ќе ги издигне НАТО и ЕУ интеграциите во интерес на квалитетен и достоинствен живот на граѓаните на Република Македонија и нејзината стабилност, кажа Димитриевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите