Димитриевски: Претседател не може да се бира во Парламент, бидејќи ја црпи силата од граѓаните

Од:

Претседателскиот кандидат, Максим Димитриевски денеска се обрати пред граѓаните на Кичево.

„Храбриот човек умира еднаш, а плашливиот умира секој ден. Јас не сакам да умирам секој ден,а верувам и вие“, речетој во почетокот на обраќањето.

„Сакам да упатам неколку пораки. Прво, дека доколку станам Претседател на Македонија, ќе ставиме крај на монолитното веење на знамињата низ цела Мкаедонија. Оваа држава има државно знаме, а ќе ги почитуваме сите. Мора да се почитува тоа што е напишано согласно уставот и законите. Второ, никогаш нема да се сложам со уставни измени кои го редефинираат изборот на Претседателот на државата, со избор во парламентот, а не од страна на граѓаните. Затоа што тој својата сила и улогата на фактор за стабилност ја има од силата што ја црпи од граѓаните. Тие му ја даваат моќта на Претседателот, а политичките партии му ја одземаат и го релативизираат. Македонија заслужува да има Претседател којшто ќе излезе од граѓаните и ќе се грижи за граѓаните“, додаде Димитриевски.

Тој рече дека граѓаите на Кичево најдобро знаат низ што поминувале сите овие години и проддолжи:

„И ако сметате дека треба да ги поддржите оние што се вртат во круг 30 години, а никој не размуслува за граѓаните и националите и државните интереси, тогаш почитувани, продолжете така. Но, јас мислам спротивно од тоа. И оваа, а и претходната власт треба да се казни. Дали има можност во Македонија за прв пат да се гласа за, а не против. Има. Тоа е Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“, потенцира Димитриевски.

Тој рече дека нема да потклекне на скриени барања, од страна на поединци, коишто сакаат да реализираат национални стратегии.

„Македонија единствено може да биде држава на сите нејзини граѓани, но притоа столбот на државата го поставија нашите претци, Македонците, заедо со останатите кои живеат на овие простори“, рече Димитриевски и потенцира дека ќе го даде својот максимум за Македонија, за нашиот народ и за секој граѓанин и да градиме реално мултиетничко општество во кое сите имат еднакви права, но имаат и еднакви обврски.

Караванот на кандидатот за Претседател на Македонија, на Движењето ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитривски, денеска ќе ги посети Демир Хисар, Кривогаштани и Прилеп.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226