Димитриевски: Негативен е и вториот тест за Ковид-19, хајката против мене е неразбирлива

Од:

Избрзана и несреќна е изјавата од портпаролот на СДСМ, смета кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, откако Костадин Костадинов од СДСМ јавно се огради од неговите изјави и од неговото однесување.

Димитриевски обзнани дека и според вториот тест направен од Институтот за јавно здравје, тој е негативен на коронавирусот. Тој и натаму тврди дека постапката ќе покаже дека тој не сторил кривично дело.

„Покрај политичка, носиме и институционално – општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Постапката ќе покаже дека нема основ за кривично дело и дополнително ќе ги потврди сомнежите. Институционалната хајка која се води против мене и членовите на штабот изминатите денови за мене до овој момент е неразбирлива“, вели Димитриевски.

Градоначалникот на Куманово вели дека не сака ни да помисли дека некој си поигрува со здравјето на неговите сограѓани и води политика со црни сценарија за елиминација на неистомисленици.

„Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ. Сакам да ја информирам јавноста дека штотуку го добив резултатот за вториот контролен тест кој е негативен направен во Институтот за јавно здравје, од утре продолжувам посвтено со моите работни обврски“, пишува Димитриевски.

Денеска кривичната пријава против кумановскиот градоначалник пристигна во Основното јавно обвинителство Куманово. Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување.

СВР Куманово ја поднесе крвичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Ова следуваше откако резултатите од тестот покажаа дека Димитриевски е позитивен на коронавирусот, исто како и неколкумина членови на Кризниот штаб, а еден ден пред да ги добие резултатите, премиерот Оливер Спасовски, вицепремиерот Бујар Османи и министрите Венко Филипче и Арбр Адеми и Бујар Османи беа во посета во Куманово. Оттогаш, владините претставници и десетина новинари се во изолација, а денеска истекува 14-тиот, последен ден.

Тестовите на сите владини претставници, а и на новинарите, покажаа дека се негативни на коронавирусот, по што тие ќе продолжат со работните обврски.

Би можело да ве интересира

Димитриевски: Излезете масовно на гласање – Куманово заслужува континуитет, а не импровизација

А1он

Димитриевски најави нови паркинзи, зелени површини и детски катчиња на повеќе локации во Куманово

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Димитриевски: Проблеми имало и ќе има, со посветена работа ќе ги решаваме без да застанеме

Горан Наумовски

Димитриевски: Комплексот К4 ќе добие повеќе паркинг места, зелени површини и ќе се спречи градба на нови згради!

Димитриевски: Табакана нема да биде зграда, туку бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катче