(ВИДЕО) Костадинов: СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски, законите важат еднакво за сите

Од:

СДСМ се оградува од ваквите изјави на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Димитриевски е свесен дека во нашата држава важат еднакво за сите, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција прашан за коментар за изјава на кумановскиот градоначалник за злоупотреба на инструментите на власта што, според него, наликувало на претходниот режим против кој тој се борел.

Костадинов истакна дека Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и на територијата на Република Северна Македонија.

-Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација, мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво, без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството, рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Потрошувачката кошница 70.000 денари, минималната плата 26.000 денари – што вели статистиката на Мицкоски?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар