Димитриевски најави проекти за поддршка на спортот во Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Максим Димитриевски и кандидатите за советници, вечерва одржаа средба со граѓани од Соколана во Куманово и презентираа дел од мерките опфатени во програмата за престојните локални избори. Димитриевски рече дека има бројни проекти наменети за сите граѓани на Куманово и оти е време Македонија да му се одолжи на градот со сериозни капитални проекти.

– И во Соколана и во центарот на градот ќе изградам јавни тоалети, бидеќи ги нема во Куманово. На атлетската патека која е изградена од СДСМ, ќе изградиме современа соблекувална за потребите на спортистите, рече во обраќањето пред присутните Димитриевски. Вети и нови зелени површини, ревизија на договорите за концесија на спортските објекти кои не ги испочитувале обврските, посочувајќи ги стрелиштето, спортската сала, Соколана. Димитриевски додаде дека сега се користат за други намени, наместо како во минатото за спортување.

– Заедно со Владата имам намера тоа да го сменам и може некому лично да му пречи, но овде порачувам ќе се водам првенствено од општите, а не личните интереси на поединци и заедно со вас планирам да го променам ликот на Куманово, рече Димитриевски.

Најави изградба на нови паркиралишта, монтажни и катни гаражи, капитална инфраструктура во коа се опфатени тротоари и велосипедски патеки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски