Димитриевски ќе биде казнет бидејќи не го почитувал решението за самоизолација

Од:

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, смеел да го напушти својот дом само во случај на влошување на здравствената состојба и тој требало да биде транспортиран исклучиво до соодветно инфективно одделение, вели директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, додавајќи дека инспекцискиот надзор покажал прекршувања во постапувањето на Итната медицинска помош, но и од страна на Димитриевски кој и покрај решението за самоизолација, излегол од својот дом и правел тестирања во приватни лаборатории.

„Констатирано е дека лицата на кои на 16.04 им е издадено решение за домашно лекување, направен е прекршок за непостапување по решение, односно истите го напуштиле местото на престој. Тоа е казниво, за што ќе се изрече казна за прекршок, односно тоа е парична казна од 300 до 600 евра. Вториот прекршок е направен во евиденција во Службата за итна медицинска помош. Таму секако, како и за постапувањето на докторите од кумановската болница, веќе е во тек вонреден стручен надзор“, вели директорката Сотирова-Бухова.

Директорката посочи дека констатирани се пропусти во однос на евиденцијата од страна на Итната медицинска помош. Од возачот на возилото од Итната медицинска помош бил креиран упат за транспортирање на Димитриевски и уште едно лице во Инфективната клиника во Скопје, но оттаму, инспекторатот добил известување дека пациентот бил донесен на преглед.

„Во служба за Итна помош констатирани се пропусти во однос на евиденцијата. Евидентиран е патен налог за возачот на возилото од Итната медицинска помош кој почнува од 8 часот сабајле до 20 часот навечер. Потпишан е од возачот и уште едно лице, за кое не знаеме чиј потпис е тоа. Во Општата болница Куманово евидентирани се М.Д. и Г. без презиме како итни случаи, за кои во 12 часот е креиран итен упат за во Клиничка болница за инфективни болести-Скопје. По извршен телефонски контакт, лицето не се појавило на преглед на клиниката. Увидот е продолжен во кумановската болница, каде е констатирано дека извршен е преглед и креиран е упат за рендген на бели дробови и лабораторски анализи. За едното лице има наод дека треба да продолжи со препишаната терапија и да биде во домашно лекување. За второто е дека треба да има домашно лекување без терапија“, вели Сотирова-Бухова.

Но, иако Итната медицинска помош го транспортирала Димитриевски и уште едно лице во кумановскта болница, тие никогаш не се пожалиле дека им е влошена состојбата кај своите матични лекари од кои секојдневно биле контактирани.

„Направен е надзор во болницата ‘Жан Митрев’, лабораторијата ‘Биотек’ и лабораторијата „Систина“. Истиот ден, извршени се тестирања, заведени се во електорнската и дневникот за евиденција, а резултатите од тестовите се испратени по мејл. Од надзорот во матичните амбуланти на овие пациенти, констатирано е дека истите се секојдневно контактирани од матичните доктори, при што во ниту еден случај немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба“, се додава од Сотирова-Бухова.

Би можело да ве интересира

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

Од понеделник Инспекторатот ќе изрекува забрани за прием на невакцинирани деца во градинките

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски